Нутриционистот Предраг Ненадиќ, кој важи за еден од најпознатите нутриционисти од поранешна Југославија, неодамна потсети познатата „диета со зелка“ со која можете да изгубите и до 5 килограми неделно.2 пиперки
една голема свежа зелка
малку сол и бибер
по желба и зачини

Подготовка: 

Зелката исечкајте ја на парчиња и ставете ја во соодветно тенџере и налејте доволно вода за да ја покрие. Додадете ги останатите состојки, па варете на силен оган 10 минути. Потоа намалете ја температурата и оставете да крчка додека зелката не омекне.

Напомена:

Оваа манџа мора да ја јадете секој ден кога сте гладни. Јадете колку што сакате и колку што можете во секое време од денот. Чорбата нема калории и колку повеќе ја јадете, толку побрзо ќе ослабете. Но, ако го јадете само ова јадење долго време, ќе станете неухранети.

Распоред:

Ден 1: Може да јадете било какво овошје, освен банани, но изберете ги оние со помалку шеќер. Од останатите намирници, јадете ја само оваа супа од зелка и пијте вода или незасладени чаеви.

Ден 2: На ​​овој ден јадете секаков вид зеленчук. Јадете колку што сакате додека не се заситите. Изберете зелен зеленчук и избегнувајте зелка и пченка. Почестете се со голем печен компир со путер за ручек. Не јадете овошје и секако не заборавајте да каснете и од чорбата.

Ден 3: Јадете овошје и зеленчук, но и чорба колку што можете повеќе. Не јадете компири или банани.

Ден 4: На ​​овој ден јадете банани и пијте обезмастено млеко. Во текот на денот можете да изедете до 6 банани и да пиете млеко колку сакате, со задолжителната чорба од зелка.

Ден 5: Говедско месо и домати. Во текот на денот можете да јадете помеѓу 350 и 600 грама варено говедско месо и шест свежи домати. Добро би било да пиете до 6 чаши вода во текот на денот, што ќе помогне во детоксикацијата. Јадете и најмалку две порции од чорбата.

Ако ги следите овие правила, доктор Ненадиќ вели дека ќе изгубите помеѓу 2,5 и 3,5 килограми, а можеби и повеќе за една недела.

По петтиот ден се враќате на менито од првиот ден, додека не ја достигнете саканата тежина.

Последици од диетата со зелка:

Резултатите се краткорочни. Тежината се губи многу брзо, но по диетата може да се врати исто толку брзо.

Менито е монотоно и брзо станува досадно и предизвикува ситост, понекогаш дури и гадење. Ако супата од зелка ви пречи на стомакот, отстранете ги корените и ребрата и варете ја супата само од меките листови.

Некои луѓе може да се чувствуваат тромо поради недостаток на калории и недостаток на енергија, но ако јадете повеќе од таа супа од зелка, ќе го почувствувате тој недостаток помалку.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.