Во Овалната соба беше отворена огромна мапа на Украина, објави Би-Би-Си. Ова се случи пред почетокот на денешната мултилатерална средба со европските лидери и шефот на НАТО во Белата куќа, кога Доналд Трамп и Володимир Зеленски се сретнаа насамо.

Мапата беше поставена директно спроти бирото на Трамп.

Источниот дел од Украина е засенчен – ја покажува територијата окупирана од Русија.

Мапата, исто така, покажува колкав процент од регионот моментално контролира Русија – на пример, Луганската област со 99 отсто и Сумиската област со 1 отсто.

Исто така, Зеленски му ја претстави на Трамп целата ситуација на фронтовската линија на мапата.

Зборувајќи заедно со европските лидери и Доналд Трамп, Володимир Зеленски рече дека имале „многу добар разговор“.

„Разговаравме за многу чувствителни точки. Првата се безбедносните гаранции. И многу сме задоволни од претседателот што сите лидери се тука. Безбедноста во Украина зависи од САД, од вас и од оние лидери кои се со нас“, рече Зеленски.

„Многу земји на страната на Украина, нашиот народ и сите ние, сакаат да ја завршат оваа војна, да ги сопрат Русите, да ја сопрат оваа војна… Ќе разговараме повеќе за безбедносните гаранции. Многу е важно САД да дадат многу силен сигнал и да бидат подготвени за безбедносни гаранции“.

„Му покажав на претседателот многу детали на бојното поле, на картата. Патем, ви благодарам за картата“, рече Зеленски.

Текстот Зеленски ја отвори картата на Украина пред Трамп: детали од фронтот на маса е превземен од МАКФАКС.