Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека украинските сили „ги постигнуваат своите цели“ во рускиот регион Курск.
Зеленски вели дека украинските сили „ги постигнуваат нашите цели“ за време на нивниот упад во руската Курската област. Во објавата на Телеграма во понеделникот, тој, исто така, вели дека слушнал извештај од врховниот командант Олександр Сирскиј, кој вели дека повеќе руски војници се заробени, пренесува Би-би-си.
Тоа доаѓа откако украинскиот претседател рече дека има за цел да создаде тампон зона во внатрешноста на руската територија, сигнализирајќи ја намерата на Украина да ја задржи земјата што ја зазеде.
Две недели од почетокот на нејзиниот упад, сега има извештаи дека Украина го оштетила третиот клучен руски мост
Како што објави предходно ЦИВИЛ Медиа, Украина соопшти дека уништила два стратешки руски моста на реката Сејм за кои се вели дека Кремљ ги користи мостовите на таа река за да ги снабдува своите војници.
Подготви: Д. Мишев