Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, следната недела треба да се сретне со американскиот претседател Џо Бајден во Белата куќа во Вашингтон.
Зеленски и Бајден треба да бидат заедно во Њујорк на годишното Генерално собрание на ОН во вторник и среда. Средбата меѓу двајцата претседатели во Белата куќа најверојатно ќе се одржи во четврток, пишува Си-Би-Ес.
Зеленски доаѓа во Вашингтон во момент кога администрацијата на Бајден го турка Конгресот да одобри 13 милијарди долари дополнително воено финансирање за Украина.
Украинскиот претседател ќе има можност лично да им се обрати на претставниците, пишува АП.