Целиот свет мора да изврши притисок врз Русија да ја доведе на преговарачка маса и да ја прекине војната против Украина, повика украинскиот претседател Володимир Зеленски во ексклузивно интервју за Би-Би-Си.
Како што истакна Зеленски, целиот свет ќе треба да изврши притисок врз Русија за да ја убеди да седне и да размисли за завршување на војната.
„Тоа не значи дека сите територии се вратени со сила. Мислам дека моќта на дипломатијата може да помогне“, рече тој.
Зеленски додаде дека послабата Русија на бојното поле ќе ја стави Украина во посилна позиција на преговарачката маса.
„Со вршење притисок врз Русија, мислам дека е можно да се согласи на дипломатско решение“, рече тој.
Во интервјуто Зеленски рече дека е подготвен да работи со секој кој е на власт во САД. Тој додаде дека соработката со Доналд Трамп доколку тој биде реизбран за претседател на САД ќе биде „напорна работа, но ние сме вредни работници“.
Драган Мишев