Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека за време на нападот врз енергетскиот сектор на Украина, руската војска истрелала околу 70 проектили и речиси 200 беспилотни летала и дека првиот чекор кон мирот треба да биде да се запрат таквите напади врз украинската инфраструктура.
Тој посочи дека се работи на санирање на штетите и дека авионите Ф-16 и Мираж 2000, обезбедени од Франција и распоредени за заштита, успешно дејствувале против руските ракети, пренесе Укринформ.
Зеленски повика на прекин на нападите, нагласувајќи дека „тишината на небото“ и „гаранциите за нормален поморски транспорт“ ќе бидат клучни за воспоставување мир.
Повтори дека Украина сака мир од почетокот на војната, а Русија мора да ги запре нападите.
Текстот Зеленски: Првиот чекор кон мирот треба да биде запирање на нападите врз инфраструктурата е превземен од МАКФАКС.