Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Киев е подготвен за мировни преговори насекаде освен со Русија и Белорусија, доколку тие разговори би можеле да ја завршат војната, но дека украинските сили нема да се повлечат ниту чекор на бојното поле за да отстапат територија.

Зеленски, исто така, изјави во разговорот со новинарите дека Европејците се блиску до одлука за префрлање на замрзнатите руски средства во Украина, објави Укринформ.

Зеленски ги повика американските конгресмени да донесат построги санкции кон Русија и рече дека на Украина ќе ѝ треба стабилно финансирање од своите европски сојузници уште две или три години.

Текстот Зеленски: Подготвени сме за мировни преговори, но не отстапуваме територија е превземен од МАКФАКС.