Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да го потпише договорот за минералите и безбедност со САД и да работи под „силното водство“ на претседателот Доналд Трамп.
Иако призна дека неговата средба со претседателот Доналд Трамп не поминала според планираното, Зеленски ја повтори посветеноста на Украина за мир и го пофали Трамп што и дал ракети „Јавелин“ на украинската војска.
I would like to reiterate Ukraine’s commitment to peace.
None of us wants an endless war. Ukraine is ready to come to the negotiating table as soon as possible to bring lasting peace closer. Nobody wants peace more than Ukrainians. My team and I stand ready to work under…
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 4, 2025
Во изјавата објавена на „Икс“, тој рече:
„Би сакал да ја повторам посветеноста на Украина за мир. Никој од нас не сака бескрајна војна. Украина е подготвена да седне на преговарачка маса што е можно поскоро за да се доближи до траен мир. Никој не сака мир повеќе од Украинците. Мојот тим и јас сме подготвени да работиме под силно водство на претседателот Трамп за да постигнеме мир што ќе трае“.
„Подготвени сме да работиме брзо за да ја завршиме војната, а првите чекори би можеле да бидат ослободување на затвореници и прекин на огнот во воздухот – забрана за ракети, беспилотни летала со долг дострел, бомби насочени кон енергија и друга цивилна инфраструктура – и итен прекин на огнот на море, доколку Русија го стори истото. Тогаш сакаме брзо да поминеме низ сите следни фази и да работиме со САД за да постигнеме силен конечен договор.
Навистина цениме колку Америка направи за да и помогне на Украина да го зачува својот суверенитет и независност. И се сеќаваме на моментот кога ситуацијата се промени кога претседателот Трамп и даде „Јавелин“ на Украина. Ние сме благодарни за тоа.
Нашиот состанок во Вашингтон, во Белата куќа во петокот, не помина според планираното. Жал ни е што се случи тоа. Време е да се постават работите на место. Би сакале идната соработка и комуникација да биде конструктивна.
Што се однесува до договорот за минерали и безбедност, Украина е подготвена да го потпише во секое време и во секој погоден формат. Овој договор го гледаме како чекор кон поголема безбедност и солидни безбедносни гаранции и искрено се надевам дека ќе функционира ефективно“, рече тој.
Претходно денес САД ја запреа финансиската поддршка за Украина.