Украинскиот претседател Володимир Зеленски го замолил претседателот Џо Бајден во телефонски разговор да не воведува санкции за рускиот олигарх Роман Абрамович бидејќи може да се покаже како корисен посредник во мировните преговори со Москва, пишува „Волстрит џурнал“.
Како резултат на тоа, Белата куќа го уверила Министерството за финансии да не продолжи со плановите за воведување санкции кон Абрамович, велат извори запознаени со ситуацијата.
Истите извори наведуваат дека Бајден се консултирал со Зеленски за голем број санкции, вклучително и за Абрамович. Белата куќа не ја коментира ситуацијата, ниту Министерството за финансии.
„Нема да објавуваме приватни разговори меѓу претседателот Бајден и Зеленски“, изјави Емили Хорн, портпаролка на Советот за национална безбедност.