Уште една гробница во која има 900 мртви тела откриена е во близина на Киев, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски, а пренесува Би-би-си.
Advertisements
Зеленски во интервју за полските медиуми ги обвини руските војници за прикривање на трагови и користење мобилни крематориуми за палење на тела.
„Никој не знае колку луѓе точно се загинати. Ќе има последици, ќе биде отворена истрага“, рече Зеленски.
Украина претходно ги обвини руските војници дека убиле стотици војници во Буча и Ирпин недалеку од Киев, градови кои со недели беа под руска окупација. Москва ги отфрли тие обвиненија.
Зеленски за полските медиуми изјави и дека и покрај овие злосторства и натаму е подготвен да преговара со рускиот претседател Владимир Путин.