Зеленски: Мора да се преземат силни чекори за да се елиминира секаков безбедносен дефицит

„Руските терористи мора да одговараат за ова. Обичната грижа не го спречува теророт. Сочувството не е оружје. Треба да ги собориме руските ракети. Руските борбени авиони мора да бидат уништени таму каде што се сместени. Мора да се преземат силни чекори за да се елиминира секаков безбедносен дефицит“; напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на платформата Х.

Во неговата вчерашна објава Зеленски нагласи дека светот ја има потребната сила да го направи тоа.