Украинскиот претседател Володимир Зеленски им порача на земјите-членки на ОН дека навремените санкции од Западот можеле да ги спречат руските напади. Тој побара да се зголемат санкциите, да се блокира трговијата со Русија и да се запре ГПС услугата за руската војска.
„Воведовте санкции и ние сме благодарни. Ова се големи чекори, но малку задоцнети. Да беа навремени, Русија немаше да ја започне војната. Никој не знае со сигурност, но барем имаше шанса. Сега е подобро да се заострат санкциите против Русија колку што е потребно за да се запре нејзината воена машинерија, отколку да се справиме со последиците од глобалната криза со храна и политичката безбедност. Потребно е целосно ембарго на трговијата со Русија. Неопходно е да се спречи Русија од можноста да користи ГПС во војна, тоа е многу важно, за овој систем да не им помогне на руските ракети и бомби да ги уништат мирните градови“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина. /Алсат.мк