Украинскиот претседател Володимир Зеленски и полскиот премиер Доналд Туск денеска во Варшава потпишаа билатерален договор за безбедносни гаранции.
Како што јавија украинските медиуми, потпишаниот договор стана 21-виот документ склучен во областа на безбедноста меѓу Украина и нејзините партнери.
Претходно, Украина веќе имаше потпишано слични договори со САД, Франција, Германија, Канада, Јапонија, Европската унија и други земји.
Кабинетот на претседателот Зеленски претходно ги информираше медиумите за подготовките за потпишување договори со Ирска, Словенија, Луксембург и Чешка. Исто така, беше посочено дека канцеларијата не исклучува брзо пристапување кон Декларацијата од Вилнус на земјите од Г7 за безбедносни гаранции. / МИА