Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека тој и лидерите на Франција, Германија и Полска, како и украинскиот претседател Володимир Зеленски, се согласиле дека позицијата на Русија во мировните преговори е „неприфатлива“ и дека за тоа разговарале со американскиот претседател Доналд Трамп.
Зборувајќи заедно со францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц и полскиот премиер Доналд Туск на самитот на Европската политичка унија во Тирана, Стармер рече дека лидерите се координираат за нивниот одговор.
Украински официјален претставник во Истанбул ја обвини Русија за „неприфатливи“ територијални претензии за поткопување на разговорите.
„Руските барања се разделени од реалноста и одат многу подалеку од сè што е претходно дискутирано. Тие вклучуваат ултиматуми Украина да се повлече од нејзината територија за прекин на огнот и други неконструктивни услови“, изјави извор за Ројтерс, опишувајќи ги разговорите меѓу претставниците на двете земји во Истанбул.
Украина е подготвена да ги преземе најбрзите можни чекори за мир, изјави претседателот Володимир Зеленски откако тој и европските лидери телефонски разговараа со американскиот претседател Доналд Трамп.
„Нашиот став е – доколку Русите одбијат целосно и безусловно примирје и крај на убиствата, мора да следат остри санкции“, рече Зеленски.
„Притисокот врз Русија мора да се задржи додека не биде подготвена да ја заврши војната.
Телефонскиот разговор меѓу Зеленски, Макрон, Мерц, Стармер и Туск со американскиот претседател се случил по завршувањето на разговорите меѓу украинската и руската делегација во Истанбул.
Текстот Зеленски и клучните европски лидери разговарале со Трамп: „Се согласивме за Русиja“ е превземен од МАКФАКС.