Украинскиот претседател Володимир Зеленски навести дека преговорите на високо ниво меѓу Москва и Киев може да се одржат во Ерусалим.
Зеленски во видеообраќање до граѓаните ги пофали напорите на израелскиот премиер Нафтали Бенет да ја преземе улогата на посредник. Тој изјави дека Израел вложува многу напори за организирање мировни преговори меѓу Русија и Украина.
„Веруваме дека разговорите со Русија ќе започнат порано или подоцна, веројатно во Ерусалим. Тоа е вистинското место да се најде мир, ако е можно“, рече Зеленски.