За време на интервјуто за Kyodo News објавено на 1 декември, украинскиот претседател Володимир Зеленски ги оспори извештаите на западните медиуми дека 80.000 украински војници загинале за време на војната со Русија. „Неодамна, некои, верувам, во американскиот печат објавија дека загинале 80.000 Украинци. Сакам да кажам дека тоа не е точно, бројот на загинати е помал, многу помал“, рече Зеленски, одбивајќи да даде детален број на жртви.
„Сепак, мора да бидеме искрени, не знаеме колку Украинци се убиени на окупираните територии на Украина“, додаде Зеленски.
Неговите коментари најверојатно се однесуваат на тврдењата на Вол Стрит Журнал објавени на 17 септември дека 80.000 украински војници биле убиени и 400.000 ранети за време на војната.
По извештајот на Вол Стрит Журнал, украинските пратеници брзо ги оспорија тврдењата. Роман Костенко, секретар на парламентарната комисија за одбрана, за Радио Слободна Европа/Радио Слобода изјави дека бројките се „претерани“. Тој изјави дека бројот на загинати може да биде приближно 50.000, иако призна дека нема најточни податоци и дека оваа бројка исто така може да се прецени.
Извештаите на Wall Street Journal во голема мера се согласуваат со проценките на The Economist објавени на 26 ноември, според кои меѓу 60.000 и 100.000 украински војници загинале и 400.000 се ранети.
Текстот Зеленски: Во војната не загинаа 80 илјади Украинци, бројката е многу, многу помала е превземен од МАКФАКС.