Украинскиот претседател Володимир Зеленски во обраќањето пред пратениците во австралискиот парламент рече дека се потребни нови и посилни санкции против Русија за да се засили притисокот врз Москва поради нејзината неиспровоцирана инвазија на Украина.
Зеленски имаше видео обраќање пред пратениците во кое предупреди дека ако Русија не одговара за постапките, тогаш други држави со „слични аспирации“ ќе го следат примерот, заканувајќи му се на остатокот од светот.
Украинскиот претседател рече дека ако Русија била казнета поради анексијата на Крим во 2014 година и поддршката на сепаратистите во источна Украина, тогаш можеби немало да дојде до инвазијата во 2022.
„Ако светот ја казнеше Русија во 2014 година за она што го направи, немаше да ја има оваа инвазија на Украина, што значи дека неказнетото зло се враќа“, рече Зеленски во обраќањето до пратениците.