Министерството за здравство информира дека сите јавно-здравствени установи во Република Македонија во пресрет на одбележувањето на новогодишната ноќ се подготвени со дежурни екипи за обезбедување на потребната здравствена заштита кај пациентите.
Со цел избегнување на несакани последици како алкохолни труења и сообраќајни незгоди, апелираме до граѓаните да прославуваат мирно и одговорно со консумирање на алкохолни пијалоци во умерени количини и да внимаваат на прекумерното внесување храна. Спречувањето на интоксикацијата со алкохол на новогодишната ноќ е важно за здравјето на поединецот и за здравјето на најблиските.
Апелираме да не се користат и разни пиротехнички средства кои може да предизвикаат тешки телесни повреди, се вели во соопштението на Министерството за здравство.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.