Здравствената состојба на папата Франциско, кој две недели е во болница поради пневмонија и бронхитис, останува стабилна, соопшти вечерва Ватикан во новиот здравствен извештај.

„Клиничката слика на Светиот Отец останува стабилна“, се вели во новиот дневен здравствен извештај за 88-годишниот папа, кој вчера имаше респираторна криза.

Како што се наведува, тој е наизменично на механичка неинвазивна вентилација (кислородна маска) и на долги периоди на терапија со висок проток на кислород.

Папата Франциско вчера имаше бронхијален спазам, поради што беше потребна неинвазивна механичка вентилација, а во утринскиот извештај се посочува дека имал мирна ноќ и се одмора.

 

Текстот Здравствената состојба на папата Франциско останува стабилна е превземен од МАКФАКС.