Зголемен е бројот на повици и интервенции на кумановската Итна помош, информираа денеска лекарите од здравствената установа. Дневно имаат по 40 до 50 интервенции што е зголемување за околу 30 проценти. Екипите последнава недела бележат зголемен број на пациенти кои колабираат на јавни места.
-Минатата работна недела навистина имаше зголемен број на интервенции. Имаше зачестено колапси на јавни места, граѓаните не ги почитуваат препораките и заради тоа се и овие колапси. Обично интервениравме во некои институции, банки, плоштад, каде што е најголема раздвиженост на граѓаните.
Постарите да бидат дисциплинирани да ја користат хроничната терапија, да ги почитуваат мерките, изјави доктор Валентина Тодоровски Трајковска.
Лекарите препорачуваат да не се излегува во периодот кога е најтопло, да се внесува течност, вода, да се консумира овошје и зеленчук. При излегување да се носи светла облека.
Здравствен дом Куманово под чии ингеренции е Итна помош набави и противотров за каснувања од змии и серум антиверпин.
-Оние кои излегуваат во природа соодветно да се облечени и да внимаваат. Имаме серум да не се грижат, изјави д-р Тодоровски Трајковска.
Оние кои излегуваат често во природа, планинари, рибари, рекреативци, треба да носат и антихистамини.
-Особено луѓе кои претходно имале алергии да си носат таблетки. И во најбрз рок да се јават во итната медицинска помош.
Минатата недела имаше убод од стршлен и тоа пациент што лани исто е интервенирано, но за среќа се добро заврши, го третиравме и во стабилна здравствена состојба е пациентот, вели доктор Тодоровска Трајковска.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.