Самиот крај на Филмскиот фестивал во Венеција донесе вистинско изненадување, Џејсон Момоа во необично издание.
Холивудскиот актер се појави на осмиот ден од Филмскиот фестивал во Венеција и целосно ги изненади сите.
Тој ги шокираше сите со својот изглед, токму кога мислевме дека веќе сме виделе сè на овој Фестивал.
Имено, тој прошета во специјално „барби издание“. Џејсон избра розов костум кој го комбинираше со бела кошула, традиционално раскопчана кога е тој во прашање и сандали во иста боја.
Сепак, деталите се она што го издвојува секој стајлинг, без разлика дали е за мажи или жени, а овој пат Џејсон ги имаше налакирано ноктите.
Џејсон Момоа одамна е познат како актер кој нема предрасуди кога станува збор за облекување, па затоа појавувањето во розова боја воопшто не е шок за него, а не е ни прв пат. Уште во 2019 година, тој привлече внимание кога прошета во розов смокинг од Фенди на доделувањето на Оскарите.
Фото: ЕПА
Текстот Згодниот актер Џејсон Момоа и со лакирани нокти и розови папучи повторно ги освои жените е превземен од МАКФАКС.