За незадоволството од страна на онколошки пациенти, во врска со ревидирањето на позитивната листа на лекови,министерот Таравари вели дека тие ќе бидат вклучени во следното ревидирање, кое според него ќе се случи за шест месеци.

Секогаш треба да анализираме што се можностите и што се потребите и според тоа да ја направиме што порационална Позитивната листа. Меѓу другото, тука министерот е само како член во Комисијата. Ние ќе се обидеме повторно да бидеме рационални и ефикасни во изборот на следните лекови и јас гарантирам дека за шест месеци ќе подготвиме нови лекови со што ќе биде надополнета оваа листа-вели Таравари.

Тој смета дека недостигот од радиолози и патолози е проблем што онколошки пациенти чекаат за резултати од патологија. Таравари најави на листата на вработување приоритет ќе имаат токму овие кадри.

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.