Трошоците за обнова на украинската економија по завршувањето на војната се проценуваат на 524 милијарди долари, објавија денеска Светската банка, Обединетите нации, Европската комисија и владата во Киев.

Најтешко погодени сектори се домувањето, транспортот, енергетиката, трговијата и образованието, пишува Ројтерс.

Украинската влада, со поддршка од донатори, одвои речиси 7,4 милијарди долари за приоритетни потреби оваа година, но сè уште ѝ недостигаат речиси 10 милијарди долари.

Директната штета од руските напади достигна 176 милијарди долари, што е за 24 милијарди долари повеќе од пред една година.

Околу 13 отсто од станбениот фонд на Украина е оштетен или уништен, погодувајќи повеќе од 2,5 милиони луѓе.

Во текот на изминатата година евидентирани се 70 отсто повеќе штети на енергетските постројки.

Беше наведено дека за реконструкција на станбениот сектор ќе бидат потребни околу 84 милијарди евра, додека само за чистење на урнатините ќе чини речиси 13 милијарди.

Текстот За реконструкција на Украина ќе бидат потребни повеќе од 520 милијарди долари е превземен од МАКФАКС.