реклама

Во италијанскиот град Монфалконе посебно внимание се посветува на одржување на чистотата на градот. Казните за плукање на земја сега ќе бидат и до 200 евра.

Градоначалничката Ана Марија Сисинт, како дел од новата уредба за чистота и пристојност, предвидува казни од 30 до 200 евра за сите што ќе бидат фатени како плука на јавни површини. Со ова продолжува воведувањето мерки кои треба да обезбедат почист град, пренесуваат италијанските медиуми.

реклама

Градот минатата година веќе воведе забрана за фрлање цигари на улица, за што е предвидена казна до 120 евра.

Вкупно 16 лица лани беа казнети затоа што и покрај забраната фрлиле остатоци од испушени цигари на земја.

реклама