Нико Вилијамс, поради клаузулата која стои во неговиот договор е на мета на голем број европски гиганти, а неговиот менаџер разговарал со челниците на Арсенал.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао, минатото лето имаше одлично Европско првенство, ја освои титулата со Шпанија. Сето тоа го постави помладиот од браќата Вилијамс како еден од најбараните играчи на пазарот, а неговото заминување од баскискиот клуб е се поизвесно.
Арсенал оваа сезона нема да ја освои титулата во Премиер лигата, а во следната сезона Вилијамс би можел да го замени Мартинели на левата страна. Сепак, за тоа ќе треба да одвои сериозна сума.
Атлетик Билбао ќе сака некаде околу 60 милиони евра обештетување на лето, а Вилијамс сака иста плата како најголемите ѕвезди на Арсенал. Во моментов највисоки плати имаат Мартин Едегор, Деклан Рајс, Букајо Сака и Каи Хаверц, кои земаат околу 15 милиони евра годишно. Толкава плата бара и НикоВилијамс.
Имено, менаџерите на Вилијамс побарале неделна плата од 250.000 фунти, прашање е дали Арсенал ќе прифати, но дефинитивно е дека им е многу потребен играч со квалитет на Вилијамс.
Текстот За плата каква што имаат Сака и Едегор Вилијамс би се преселил во Арсенал е превземен од МАКФАКС.