Многу елементи влијаат на крајниот резултат за бојадисување на косата, но еден е клучен – косата мора да биде здрава за да изгледа добро. Ако ја бојадисувате дома, фризерите ве советуваат пред тоа да проверите во каква ситуација е вашата коса, со помош на овој едноставен тест:
1. Со прстите одвојте еден прамен коса и израмнете го.
2. На праменот ставете неколку капки вода и следете колку време ќе им биде потребно за да се впијат.
3. Ако косата ја апсорбира водата помалку од 10 секунди, тогаш кутикулата на косата е премногу оштетена и косата нема да можете правилно да ја бојадисате. Ако на водата и треба повеќе од 10 секунди да се впие, тогаш косата е во добра форма.
СОВЕТ: На оштетените осетливи кутикули, меѓу другото, влијаат и чешлањето на мокра коса, претерано третирање на косата со пегла, фигаро или жежок фен, па дури и нанесување на хидроген. Поради тоа косата ја губи својата влага и потоа влакното пука. Со цел пак да го вратите стариот сјај и здравје, намалете го изложувањето на жежок воздух. Не ја фенирајте веднаш по миењето, бидејќи тогаш е најнежна.