Најмалку десетина протести пред продавниците на Tesla ширум Соединетите Американски Држави се најавени за денеска како дел од кампањата на масовен отпор кон нејзиниот извршен директор Илон Маск поради улогата на Одделот за владина ефикасност (DOGE), со кој тој раководи, во обемната реформа на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Масовните протести беа повикани од продемократски движења, организации за граѓански права, групи на воени ветерани, организации за правата на жените, работнички синдикати.

Пред бројните продавници на компанијата Тесла во сите 50 држави на САД и ширум светот вчера беа организирани протестни собири наречени „Рацете подалеку“ од движењето кое собра милиони луѓе незадоволни од администрацијата на Трамп, јавува Си-Ен-Ен.

Текстот За денеска се најавени нови протести пред продавниците на Тесла во САД е превземен од МАКФАКС.