Физичкото присуство на партнерот е еден од предусловите за успешно функционирање на врската. Потрудете се да поминувате повеќе време заедно, направете вечера, поканете го заедно да гледате филм.
Доколку чувствувате дека сте се оддалечиле од партнерот и барате начин како повторно да ги разбудите емоциите од почетокот на врската, важно е да знаете дека мажите се тие кои се фокусирани на дела, а не на зборови.
Создадете некој ваш мал ритуал
Тоа може да биде гледање филм пред спиење, чешкање или нешто друго во кое уживате и двајцата. Ваквите ритуали ќе ве зближат, а вашата потреба за такви гестови кај него ќе разбуди потсетник дека не може лесно да ве изгуби.
Соборете го од нозе со вашата „дива страна“
Многу е тешко да се зближите ако често сте физички разделени, сепак, постојат начини да направите нешто и во овие ситуации. Испратете му слика од вашата долна облека со порака која вели дека едвај го чекате вашиот следен состанок. Кога следниот пат ќе се најдете, старите страсти брзо ќе се разгорат, пишува Аваз.ба.
Гледајте слики од детството
Многу е слатко да ги гледате сите ваши физички трансформации и да се смеете на настани поврзани со детските авантури. Ова се моменти на кои долго се сеќавате, а ќе ве зближат. Само со оние кои искрено ги сакате можете да ги споделите тие најинтимни моменти.