Младоженец почина од повредите здобиени во пукотница на неговата свадба во северна Турција.

Додека младенците се враќале дома по церемонијата, младоженецот, 23-годишниот Али К., бил ранет од истрели наводно испукани од роднина, жена, на неговата сопруга, објави државната агенција Анадолу.

Жената е приведена, а во нејзината градина се пронајдени две нерегистрирани оружја, соопшти агенцијата.

Обвинителите отворија истрага за инцидентот, кој се случил во градот Шебинкарахисар во покраината Гиресун.

Пукањата на свадби се вообичаени во северна Турција. Минатата недела, еден маж беше убиен, а две лица беа повредени на свадба во североисточната покраина Трабзон.

Свадбата беше откажана, а две лица, меѓу кои и еден полицаец, беа приведени во врска со инцидентот, објавија локалните медиуми.

Текстот Застрелан младоженец на пукање на свадба во Турција е превземен од МАКФАКС.