Започнува подготовката за најголемата магија на мразот – од денеска во арената „Борис Трајковски“ официјално се замрзнува ледената подлога, создавајќи идеална сцена за незаборавниот спектакл во сабота.

Додека многумина би помислиле дека вакво ледено чудо може да се случи само под отворено небо, ние ја носиме магијата внатре, во просториите на арената „Борис Трајковски“. Токму тука, во затворен, удобно загреан простор од овој момент, мајсторите на ледените кристали ќе посветат часови на внимателно ладење и обликување на повеќе од 300 квадратни метри вистински мраз – создавајќи блескав, мазен и стабилен леден партер кој во сабота ќе се претвори во сцена за најголемиот леден спектакл некогаш виден во нашиот регион, најавува организаторот.

„Но, магијата не запира тука! Она што овој настан го прави вистински уникатен е целодневното дружење и интеракција со легендарните ликови кои ќе го красат шоуто. Оваа сабота, публиката ќе добие ретка можност да се запознае со своите омилени јунаци одблиску.

Во текот на целиот ден, љубителите на ова уникатно шоу ќе можат да се фотографираат со своите омилени херои, да разговараат со нив, да дознаат повеќе за светот од кој доаѓаат и да создадат спомени кои ќе траат засекогаш. Ова не е само гледање оддалеку – ова е можност навистина да зачекорите во светот на фантазијата и да станете дел од приказната.

А кога ќе дојде времето за големиот настап, ледената подлога ќе се исполни со магија – хероите ќе пловат по мразот, светските првенци во лизгање ќе ги претворат омилените ликови во живи ремек-дела на уметноста и целата публика ќе може да ужива во единствена претстава која ги спојува авантурите, фантазијата, детските спомени и празничната атмосфера во едно.

Замислете го целосно замрзнатиот партер, светлата што треперат низ магичната атмосфера и вашите омилени херои кои со стил и грациозни движења лизгаат на мразот. Со вас ќе бидат Петар Пан, Елса, Супермен, Аладин, Том и Џери, Спајдрмен, Мики Маус, како и Круела. А за да биде сè како во бајка, специјален гостин ќе биде никој друг туку Дедо Мраз, подготвен да донесе празнична магија за сите нас.

Подгответе се за нешто навистина посебно. Сабота ќе биде ден на радост, интеракција, фотографирање, смеа и дружба со ликoвите што некогаш сме ги гледале само на екранот. Не пропуштајте да бидете дел од ова патување – обезбедете ги вашите билети и уживајте во ден полн со изненадувања, забава и чуда на мраз!

Да потсетиме, неверојатниот спектакл на вистински мраз, кој за првпат ќе ја трансформира арената „Борис Трајковски“ во вистинско ледено кралство, во рекордно брзо време ја распродаде својата прва претстава, а билетите за втората претстава исто така брзо се продаваат! Доживејте го ова незаборавно искуство, каде што соништата стануваат реалност. 14 декември, 12:00 и 17:00часот – резервирајте го вашето место во историјата на зимските спектакли“.

Текстот Започна ледената магија: Во „Борис Трајковски“ се замрзнуваат над 300 метри квадратни вистински мраз е превземен од МАКФАКС.