Понекогаш потребно е да го прочистите организмот од токсини, па најдобро е да направите домашен детокс, кој ќе го пиете секое утро, на празен стомак.

Со секојдневното пиење на овој пијалок, ќе се чувствувате поенергично и поздраво.

Што ви е потребно?

-1 литар вода
-1/2 грејпфрут
-мандарини
-4-6 лисја нане
-краставица

Подготовка:

Краставица исецкајте ја на кругови, а грејпфрутот и мандарината раздвојте ги на парчиња.

Состојките ставете ги во бокал и прелијте ги со вода. Не ги заборавајте лисјата од нане. Бокалот ставете го во фрижидер и оставете го да преноќи.

Наутро водата измешајте ја и пиете ја во текот на целиот ден.