Вчера во 13.30 часот, полициски службеници од ОВР Свети Николе извршиле преглед во продажен објект во село Амзабегово, светиниколско, сопственост на 52-годишниот А.Б. од село Амзабегово.
При прегледот биле пронајдени и одземени околу 1500 пиротехнички средства.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена пријава по член 396 од Кривичниот законик – „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Текстот Запленети околу 1500 парчиња пиротехника во светиниколско е превземен од МАКФАКС.