Полскиот претседател Анджеј Дуда најави дека има намера да го затвори аеродромот Јасенка во Жешов, кој е логистички центар за испорака на воена помош за Украина.
„Тие едноставно мислат дека можат да го користат аеродромот во Жешов и нашите автопати како свои. Но, тој не е нивен, туку наш. Ако некому нешто не му се допаѓа, ние го затвораме и се збогуваме“, рече Дуда во интервју за полскиот весник „Отварт Консерва“, пренесува „Спутник“.
Тој, исто така, нагласи дека Полска треба порешително да ја нагласи својата улога во контекст на настаните поврзани со Украина, бидејќи и Украина и западните сојузници ги перцепираат полските логистички ресурси како „нивни“.
Дуда ја нагласи важноста на инфраструктурата на источна Полска, вклучувајќи го и аеродромот Јасенка, кој игра суштинска улога во доставувањето хуманитарна и воена помош за Украина, објавува порталот „Онет“.
Претходно, Анджеј Дуда фигуративно предложи на партнерите да им се одземе користењето на полските патишта и аеродромот во Жешов за транзит на товар до Украина, за да може Западот да го разбере вистинското значење на Варшава. Политичарот, исто така, ги обвини украинските власти дека не сфаќаат дека Полска ги презема најголемите ризици со отстапувањето на својата инфраструктура за да му помогне на Киев.
Текстот Западот мисли дека може да ги користи нашите аеродроми и патишта како свои: Дуда се заканува дека ќе ја затвори рутата кон Украина е превземен од МАКФАКС.