Во Словенија денеска стапија во сила новите мерки против коронавирусот, кои дел од епидемиолози ги оценија недоволни за спречување на ширењето на епидемијата. Земјата сè уште бележи висок удел на позитивни тестови за ковид-19, односно позитивни се од 43 проценти од тестираните.
Во последните 24 часа се потврдени 1.282 случаи на коронавирус, со 12 смртни случаи.
Владата не се определи за затворање туку за мерки кои вклучуваат строга контрола на потврдите за ковид, заедно со документ за идентификација, како и ограничување на работното време за баровите, забрана за дискотеки и ноќни клубови, забрана за собирање надвор од кругот на семејството, пренесува Хина. И покрај тоа, некои сметаат дека нема да биде доволно за да се стабилизира состојбата и да се спречи преоптовареност на здравствениот систем поради навалата врз болниците.