Кукла, со кеса на главата и шал на фудбалскиот клуб Севилја е снимена како виси од мост во градот. На мостот е истакнат и транспарент на кој пишуваше: „Јуниор, ова е твојот крај“.

Шпанските медиуми го толкуваат овој потег како закана за претседателот на клубот, Хозе Марија дел Нидо, Караско. Севилја ја информираше полицијата за сè, а истрагата е во тек.

Тензијата околу клубот не стивнува и покрај тоа што Севилја го обезбеди опстанокот во Ла Лига. Претседателот на клубот, Дел Нидо Караско, веќе подолго време е мета на незадоволните навивачи, кои често му викаат од трибините: „Јуниор, оди си“.

По поразот од Селта Виго минатата недела, неколку стотици навивачи на Севилја го пречекаа автобусот на тимот во тренинг кампот на клубот. Според „Марка“, цивилната гарда и националната полиција морале да интервенираат за да може тимот да влезе во комплексот.

Куршуми биле испукани од воздушен пиштол, додека навивачите возвратиле со навреди и фрлање јајца. Таа ноќ, фудбалерите на Севилја спиеја во кампот.

Севилја го осуди вандализмот. Пред неколку недели, по поразот од Атлетико Мадрид, директорот за стратегија и развој на клубот, Игнасио Наваро, беше нападнат додека го напушташе стадионот, а вчера, Федерацијата на здруженија на навивачи на Севилја, Сан Фернандо го прогласи Дел Нидо Караско и целиот негов Управен одбор за непожелни.

Севилја в недела ќе го одигра последниот меч оваа сеозна на домашен терен. На „Рамон Санчез Писхуан“ ќе гостува Реал Мадрид. Сезоната, Севилја ќе ја заврши на гостински терен кај Виљареал.

Текстот Закана во Севилја. – Обесена кукла со порака „Јуниор, ова е твојот крај“ е превземен од МАКФАКС.