Сега е официјално – Ла Лига доби петти учесник во Лигата на шампионите.
По резултатите од оваа недела, Шпанците ја потврдија својата доминација во сите натпреварувања и ќе имаат пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Во четвртокот, Атлетик Билбао во Лигата на Европа и Бетис во Конференциската лига се пласираа во полуфиналето, а претходно Барселона обезбеди борба за финалето во Лигата на шампионите.
Како што стојат работите на табелата, Барселона, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао ќе бидат во Лигата на шампионите, додека Виљареал со 51 бод и Бетис, кој има три помалку, ќе се борат за петтото место.
Пред Ла Лига, Премиер лигата обезбедуваше пет претставници во Лигата на шампионите следната сезона.
Битката е многу пожестока таму, бидејќи разликата помеѓу третопласираниот Њукасл и седмопласираната Астон Вила е само пет бода, а помеѓу нив се Нотингем Форест, Манчестер Сити и Челзи.
Текстот Заедно со Премиер лигата, уште една официјално го освои петтото место во Лигата на шампионите е превземен од МАКФАКС.