Највлијателните научно докажани теории и факти на денешницата се постигнати со патување обележано со изуми, критики и подобрувања. Земете го, на пример, безбедносниот појас со три точки на врзување, кој бил измислен во 1959 година и се наоѓа во поголемиот дел на денешните автомобили. Поради неговата ефикасност, производителот одлучи да го остави патентот достапен. Ова им овозможи на конкурентските производители да користат подобрени верзии и на тој начин да заштитат повеќе луѓе. Се проценува дека безбедносниот појас спасил повеќе од милион животи.
Ако погледнеме колку многу напреднала автомобилската индустрија во подобрувањето на безбедноста од 1959 година до денес, јасно е дека намалувањето на штетите е еден бесконечен пат кон напредок. Тоа е применливо и на тутунската индустрија.
Намалување на штетноста и пушењето
Во идеални околности, луѓето би требало да престанат да пушат. За оние кои инаку би продолжиле да пушат, направени се големи чекори за да се заменат цигарите со производи без чад базирани на наука – тоа е примената на намалување на штетите во тутунската индустрија. Производите како што се електронските цигари или уредите што го загреваат тутунот, иако не се без ризик, се подобра алтернатива за продолжување на пушењето. Причината за ова лежи во елиминацијата на согорувањето.
Имено, запалената цигара произведува чад кој содржи повеќе од шест илјади супстанци, од кои многу се штетни и докажано предизвикуваат болести. Откажувањето од пушењето – или уште подобро никогаш да не започнете – е несомнено најдобрата опција за намалување на ризикот од болестите поврзани со пушењето. Сепак, оние возрасни пушачи кои не престануваат да пушат имаат можност да се префрлат на научно заснованите подобри алтернативи, кои имаат голем потенцијал да го забрзаат намалувањето на бројот на луѓе кои пушат цигари и придонесуваат за јавното здравје.
Како да се осигура ова патување да продолжи без прекин
Најпрвин, одржувањето и унапредувањето на постигнатиот напредок бара заеднички ангажман на приватниот и јавниот сектор. Од клучно значење е континуираниот развој на владините регулативи кој ги охрабрува пушачите кои не сакаат да ги остават цигарите да изберат подобри алтернативи е од клучно значење.
Второ, напредокот бара континуирана едукација на конзументите заснована на факти и наука. Ова значи давање глас на веродостојни експерти кои ќе ја информираат јавноста и ќе се осврнуваат на дезинформациите секогаш кога ќе се појават.
Трето, производителите на производите без чад мора да продолжат да пружаат прагматични решенија за возрасните пушачи. Ова подразбира континуирани инвестиции во истражување и развој за подобрување на ефикасноста на производите без чад и создавање партнерства кои ќе стимулираат нови и свежи идеи преку размена на знаење.
Позитивната промена кон иднината без чад започна.
Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.