Наталија Задуружњук амбасадорката на Украина во Скопје во емисијата ,,200,, што се емитува на ТВ АЛСАТ, потенцираше дека Русија ги прекрши сите договори.
И притоа таа ја наведе и историјата на конфликтот меѓу Русија и Украина. Украина е многу важна земја во светот. Без Украина, Русија нема да биде империја, која Путин сака да ја врати. Успешна Украина е пример за русите. Тоа е прилика да се замислат русите зошто ние толку лошо живееме, а погледнета ја Украина колку далеку отиде.
Кај нив има демократија, слобода на говор, безвизен режим со Европската Унија, а можеби и ние ќе бидеме, само треба да го смениме системот, и режимот. Украина ја осудува одлуката за признавање на привремените територии од нејзината страна на квази етнитети на привремено окупираните територии на Украина. Одлуката на Русија да ги признае тн републики нема да има никакви правни последици. Ова одлука нагло ја зголемува ескалацијата на ситуацијата и може да значи еднострано повлекување на руската федерација од договорите од Минск.
Украинската страна ги разбира намерите на Русија да ја испровоцира Украина. Ги земаме предвид сите ризици. Остануваме посветени на политичко – дипломатско решавање на руско – украинскиот вооружен конфликт. Денес се решава судбината на меѓународниот правен поредок или ќе живееме во стабилен свет , со јасни правила со секоја држава без исклучок, или постојниот систем ќе биде уништен. Сега прашањето не во украинско – руските односи, туку се однесува на сите земји . Или сме сите сме на на страната на силата на правото или победува авторитарната Русија со своето право на сила, и создавање на зони, на сили на влијанија на вооружените сили. Денешната ситуација се однесува до секоја земја во светот.