„Рускиот режим е препознаен како најголема закана за безбедноста“, истакна украинската амбасадорка во земјава Наталија Задорожњук, додавајќи дека украинската војска нема да се предаде. Во специјалното видео обраќање таа побара помош, бидејќи, како што вели, тешко е само да опстојат.

„Нам ни е потребна помош, реална помош, со оружје, економска, финансиска… Ова лудило треба да се запре. Тие ги бомбардираат мирните украински градови и села. Веќе втор ден го бомбардираат Киев“, рече амбасадорката Задорожњук.

Прикажи повеќе