Сите инволвирани во Формула 1 шампионатот во новата сезона ќе мора да бидат вакцинирани и нема да има можност за ослободување од оваа обврска, – одлучило раководството на шампионатот.
Одлуката значи дека не само возачите, туку и сите вработени во боксовите на екипите, пропратен персонал, вип гости, па и новинарите кои ќе бидат акредитирани мора да имаат примено две дози ковид вакцина, а на тој начин нема да има ограничувања во однос на индивидуалните ограничувања на државите организатори на Ф1 трките.
Од друга страна, ваквиот статус на сите учесници може да донесе помалку тестирања и намалување на нивото на ригорозност околу специфичните меури кои ги наметна Формула 1 за намалување на ризикот од ширење на вирусот.
Формула 1 беше првиот спорт кој ги активираше активностите по првичните одлагања на почетокот на пандемијата, а целосната вакцинираност за сите инволвирани беше одамна најавена и сега само потврдена и од клубовите учесници.
Новата сезона е најавена со 23 трки, а одлуката во однос на вакцините не би требало да има влијание врз статусот на возачите, бидејќи се верува дека сите се вакцинирани.