Граѓаните на Грац се собраа на главниот плоштад во градот за да запалат свеќи и да им оддадат почит на жртвите од пукањето.

Фотографиите покажуваат како луѓето оддаваат почит во тишина додека градот се обидува да го разбере трагичниот напад.

Се огласи училиштето каде што се случи масакрот
БОРГ Драјершуценгасе, средното училиште во северозападен Грац каде што се случи пукањето, објави порака на Инстаграм по трагедијата. Пораката е напишана на германски јазик, официјалниот јазик на Австрија.

„Ова беше ужасен ден кој длабоко нè погоди и шокираше сите нас. Да продолжиме да се држиме заедно како училишна заедница и да се поддржуваме едни со други. Вашите наставници и вашиот директор“, се вели во пораката.

Според првичните извештаи, во училиште во Грац околу 10 часот вчера наутро се случило пукање. Најмалку 11 лица се мртви, вклучувајќи го и напаѓачот. Уште 11 лица се повредени во нападот, од кои седум се во критична состојба.

Текстот Жителите на Грац запалија свеќи во центарот на градот за да оддадат почит на жртвите од нападот е превземен од МАКФАКС.