Дали можеби спаѓате во групата непоправливи сонувачки и брзоплети жени кои речиси секогаш завршуваат во лоши врски?

Астролозите тврдат дека хороскопот може да ни открие многу работи за нашиот карактер, па така може да открие и кои знаци го гледаат само доброто кај луѓето, поради што не обрнуваат внимание на некои важни работи и на крајот страдаат.

Некои жени се непоправливи сонувачки кои не ги гледаат лошите работи и наоѓаат оправдување за сите грешки на партнерот, а некои се толку брзоплети што забораваат добро да размислат пред да се впуштат во врска, па така и едните и другите на крајот завршуваат со комплетно погрешен човек.

Според астрологијата, жените родени во следниве четири хороскопски знаци секогаш се лепат за погрешни мажи!

Овен

Жените родени во знакот Овен се храбри, полни со авантуристички дух и ги привлекува возбудата што им ја носи брзото секојдневје. Меѓутоа, овој бестрашен пристап кон животот понекогаш може да ги одведе во прегратките на маж кој не го бара истото ниво на посветеност. Поради импулсивната природа, честопати не ги забележуваат знаците на предупредување, па пред да го сфатат тоа, завршуваат во лоша љубовна врска, која воопшто не се согласува со нивните долгорочни планови и цели.

Близнаци

Жените родени во овој знак се познати по брзоплетоста, шармот и дружељубивата природа. Иако овие квалитети ги прават магнети за спротивниот пол, тие, исто така, можат да ги одведат кон мажи кои не се искрени во своите намери. Дуалната природа на жените Близнаци знае во нив да создаде борба помеѓу желбата за длабока емоционална врска и површната привлечност. Тоа е причината зошто често завршуваат во врски на кои им недостасува длабочина, по која тие, всушност, секогаш трагаат.

Терезија

Жените Терезии се вистински романтичарки, секогаш се во потрага по совршена љубовна приказна. Меѓутоа, оваа потрага по идеализирана романса, може да ги наведе да ги игнорираат знаците на предупредување и да завршат со маж со кого не се на исто емоционално ниво. Терезиите имаат вродена желба за хармонија, а тоа понекогаш знае толку да ги заслепи што не гледаат кога новиот партнер не покажува исто ниво на посветеност. Сето тоа на крајот доведува до незадоволство, поради нехармонична врска.

Риби

Жените Риби се сонувачки кои го гледаат најдоброто во луѓето. Иако овој квалитет е симпатичен и генерално добар, тој исто така може да ги наведе да се вљубат во погрешниот човек. Нивната сочувствителна природа ги наведува да останат во врските подолго одошто би требало, дури и кога гледаат јасни знаци на некомпатибилност. Емоционалната длабочина на Рибите понекогаш им ја поматува нивната моќ за расудување кога станува збор за потенцијалниот партнер и неговиот карактер.