Во пресрет на 8 Март – Меѓународниот ден на жената, Галерија Матица, организира изложба на четириесет дела од македонски автори кои ги прикажуваат повеќеслојните искуства, борби и триумфи на жените. Секое дело зборува за уникатните приказни за издржливост, сила и убавина што ги носат жените.

На изложбата ќе бидат застапени дела на македонските сликари: Коле Манев, Павле Кузманоски, Тања Балаќ, Синиша Новески, Касиопеја Наумоска, Ниче Василев, Златко Глигоров, Симон Калајџиев и др.

Изложбата ќе биде отворена од 8 до 28 март 2025. Галерија Матица се наоѓа во самиот центар на Скопје, во непосредна близина на Министерството за финансии.

Текстот Жените во делата на македонските сликари е превземен од МАКФАКС.