Најмалку едно лице загина, а триесетина се повредени, од кои некои потешко, откако патнички воз излетал од шините во западна Холандија, соопштија локалните медиуми, пренесе Би-би-си.
Како што се наведува, до несреќата дошло откако возот, кој пренесувал околу 50 луѓе, удрил во градежна опрема која била оставена на шините во близина на селото Воршотен во западна Холандија
Локалните медиуми јавија дека по судирот избувнал пожар во задниот вагон на патничкиот воз.
Несреќата се случила во 3:25 часот по локално време (1:25 часот по Гринич) во вторникот во селото Воршотен, кога возот делумно излетал од шините. Воршотен се наоѓа во близина на Хаг во западна Холандија.
Првичните извештаи сугерираа на тоа дека патничкиот воз се судрил со товарен воз.
Во последниот ажуриран извештај од службите за итни случаи се вели дека 19 лица се хоспитализирани, додека 11 лица се згрижени во куќите на локалните жители.
Холандските железници објавија дека по судирот сите патнички возови меѓу градот Лајден и делови од Хаг се откажани.