Ждрепката, што денеска се одржа во Минхен, сакаше Македонија да се биде во групата Х и тоа заедно со селекциите на Литванија, Полска и Естонија.
Полска е еден од организаторите, затоа Македонија заедно со литванските и естонските кошаркари ќе води директна битка за двете места кои водат на првенството на најдобрите репрезентации на Стариот континент. Литванците дефинитивно ја имаат улогата на најголеми фаворити, што значи дека жолто-црвените ќе имаат шанса да се одмаздат на Естонците за начинот на кој не елиминираа од претходното ЕП.
Секако дека ова е нималку повочна ждрепка за нас, но што е тука е. Се надеваме и очекуваме дека Димитријевиќ и другарите ќе дадат се од себе да дојдат до што подобар реузлтат во ови квалификации.
ЕП 2025 ќе се одржи во четири земји: Кипар, Финска, Полска и Летонија, каде во квалификацискиот циклус ќе настапат 32 селекции поделени во осум групи, од кои по три од секоја од нив ќе се пласираат на ЕП. Средбите ќе се одиграат во три прозорци и тоа во периодот помеѓу 19 и 27 февруари 2024 година, 18 до 26 ноември 2024 година и 17 до 25 февруари 2025 година.
КВАЛИФИКАЦИСКИ ГРУПИ ЗА ЕП 2025
Група А: Словенија, Украина, Израел, Португалија.
Група Б: Италија, Турција, Исланд, Унгарија.
Група Ц: Шпанија, Летонија, Белгија, Словачка.
Група Д: Германија, Црна Гора, Бугарија, Шведска.
Група Е: Франција, Хрватска, БиХ, Кипар.
Група Ф: Грција, Чешка, Холандија, В. Британија.
Група Г: Србија, Финска, Грузија, Данска.
Група Х: Литванија, Полска, Естонија, Македонија.