Македонскиот ракометен првак Вардар остана без место во Лигата на шампионите поради неисполнети финансиски обврски, објави на својата интернет-страница Европската ракометна федерација (ЕХФ).
Advertisements
„Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на состанокот во петокот, на 17 јуни, одлучи дека македонскиот клуб Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за влез во натпреварувањата во Европскиот куп на ЕХФ во сезоната 2022/23. Одлуката на Извршниот комитет на ЕХФ следува по период од речиси две години во кој ЕХФ се обидуваше да го реши проблемот со неплаќањата на договорените играчи од страна на клубот и со тоа да го задржи клубот од Скопје на највисоко ниво. Со оглед на тоа што РК Вардар 1961 одлучи активно да го презентира својот став пред медиумите, Европската ракометна федерација одлучи да даде јавен одговор. Овој одговор е директно доставен до клубот во исто време“, се вели меѓудругото во известувањето на ЕХФ.
Оттаму додаваат дека направени биле многу обиди да се реши ситуацијата со Вардар.