ЕУ ја обвинува Русија дека намерно предизвикува имигрантски бранови кон Унијата

Владите на Европската унија ја обвинија Русија дека им помага на илегалните мигранти да преминат во ЕУ, поттикнувајќи политички тензии и криминал во земји како Финска, Полска и Латвија, известува Хенри Вилкинс, за Гласот на Америка.

„Буквално, Русија и Белорусија им плаќаа на илјадици Ираници и Сиријци, ги качија во авион и тие слетаа во Минск, а потоа ги однесоа со автобуси до границата со Полска, Литванија и Латвија и ги пуштија преку границата, вели Веико Сполитис, поранешен заменик министер за одбрана на Латвија.

Сполитис смета дека Русија и БОлорусија имале јасна цел -да се создааде дискусија во политиката на Латвија за да се доведат на власт секакви популистички партии.

Аинарс Слесерс е претседател на една таква популистичка партија „Латвија прво“, формирана во 2021 година, противејќи се на вакцините против Ковид-19.

„Не треба да носиме луѓе од земјите од третиот свет што ќе донесат криминал и проблеми во нашата земја“, вели Слесерс поврзувајќи го мигранстовот со криминалот.

Но, таа врска не е толку едноставна за да се каже дека секогаш кога има наплив од мигранти се зголемува и криминалот.

„Ако не им се дозволи да работат, ако имаат лоши услови за живот тоа може да го зголеми криминалот“, вели Мартин Ланге кој го проучувал ова прашање.

Некои аналитичари велат дека вооружената миграција е дел од руската „хибридна војна“ против Западот – дизајнирана да им се спротивстави на центристите од ЕУ и да ги засили екстремно десничарските партии во остварувањето на целите на Москва.

Но, некои експерти велат дека влијанието на стравовите на гласачите врз подемот на популистичките и екстремно десничарските партии во Европа може да биде претерано. И други фактори, како влијанието врз надворешната политика, може да имаат важна улога.

„Дали користењето на мигрантите како ‘оружје’ функционира како алатка во надворешната политика? Да! Може ли да ви кажам дека политичарите чувствуваат дека биле negativno погодени? Да! Дали податоците во големата шема сугерираат дека тие се во право? Не сум сигурна“, смета Кели М Гринхил од Центарот за меѓународни студии.

Партијата „Латвија Прва“ во јуни побара место во Европскиот парламент на изборите на кои екстремно десничарските партии остварија значителни придобивки во Италија, Франција и Германија.

Годинава Полска ја повика Белорусија да ја користи тактиката, додека Финска, која дели 1 300 километри граница со Русија, донесе закон во средината на јули за да го спречи тоа, пишува Гласот на Америка.