Владите на Европската унија вчера се приближија до договор за строги санкции против Русија, кои вклучуваат забрана за купување руска нафта, но закажаа повеќе разговори за денеска за да решат како да обезбедат земјите кои најмногу зависат од руската енергија да се справат со проблемот. Амбасадорите на 27-те земји на ЕУ секојдневно се состануваат за да разговараат за деталите од шестиот пакет санкции насочени кон Москва поради нејзината инвазија врз Украина, откако Европската комисија објави предлози за тоа на 4 мај. „Европскиот совет е обединет за потребата од усвојување на шестиот пакет санкции“, се вели во соопштението на француското претседателство со ЕУ и Европската комисија. Постигнат е многу значаен напредок во повеќето мерки“, се вели во соопштението.
Advertisements