Владите на државите-членки на ЕУ ќе ја разгледаат можноста за воведување ембарго на нафта кон Русија поради инвазијата врз Украина.

Advertisements

Европските лидери оваа седмица ќе се сретнат со американскиот претседател Џозеф Бајден на серија средби посветени на западните санкции против Москва.

ЕУ веќе воведе серија рестриктивни мерки против Москва, вклучително и замрзнување на средствата на Руската централна банка.

„Работиме на петтиот пакет санкции и предложени се могу нови имиња“, изјави висок дипломат на ЕУ кој инсистирал на анонимност.

Како што е најавено, владите на ЕУ денеска ги почнуваат констулациите на ниво на министри за надворешни работи, пред Бајден да допатува во Брисел што е предвидено за в четврток, кога е закажан самит со сојузниците на НАТО, како и со членките на ЕУ во формат на Г-7 групата што ја вклучува и Јапонија.

Прикажи повеќе