Европската унија подготвува план Б за тоа како да ги задржи економските санкции против Русија доколку администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги напушти мировните преговори за Украина и се приближи до Москва, изјави денеска за „Фајненшл Тајмс“ високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Каја Калас.
„Гледаме знаци дека размислуваат да ја напуштат Украина и не се обидуваат да постигнат договор со Русите бидејќи е тешко“, рече Калас, мислејќи на САД.
Таа додаде дека постои план Б, но дека прво мора да се работи на остварување на планот А.
Калас, исто така, рече дека се водат разговори со Вашингтон и другите меѓународни партнери за да се осигура дека западните санкции против Русија ќе останат во сила, пренесе Ројтерс.
Текстот ЕУ подготвува план Б доколку Трамп ги напушти преговорите за Украина е превземен од МАКФАКС.